Ноќеска гореа три возила во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 2:18 PM

Ноќеска гореа три возила во Штип

Во полицијата ноќеска во 02.59 часот било пријавено дека околу 02.50 часот на паркинг на ул.„Сремски Фронт“ во Штип настанал пожар во патничко возило ,,Ауди“, сопственост на Г.Ф.(41) од Штип, кое целосно изгорело. Со пожарот биле зафатени и возилата ,,Шкода фабија“, сопственост на В.К.(48) и ,,Мазда 1600“, сопственост на Х.Ј.(41), двајцата од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, пожарот бил локализиран. Увид на местото извршила екипа на СВР Штип. Во населбата „Автокоманда“, каде е најновиот случај на запалени возила, ова е веќе трет случај на пожар на возила.