Двајца бездомници се обиделе да се засолнат во скривница во Токио од силниот тајфун во кој загинаа седумдесетина луѓе, но биле одбиени зашто немале адреси на живеење. Случајот предизвика голема расправа во Јапонија.
Јапонскиот премиер Шонзо Абе рече дека скривниците за тајфуни би требало да бидат отворени за сите, откако двајцата бездомници биле одбиени да се засолнат во текот на најлошата бура во земјата во последната деценија, па останале под ведро небо.
Како што пренесува агенцијата „Кјодо“, околу 10.000 домови во Јапонија се поплавени, без струја останале 520.000 семејства, а без вода 133.000.