Српски предлог во Солун: Грција да им се придружи на Србија, Македонија и на Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/19 11:45 AM

Српски предлог во Солун: Грција да им се придружи на Србија, Македонија и на Албанија

Драган Марковиќ – Палма, претседател на Единствена Србија и градоначалник на Јагодина, на средбата во Солун со новиот градоначалник на тој град, Константинос Зервас, предложил градоначалникот на Солун да иницира и Грција да се приклучи на договорот што во Нови Сад го постигнаа Србија, Македонија и Албанија.

„Недодамна во Нови Сад е постигнат договор помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал. Со тоа ќе се постгнат големи заштеди. Мој предлог е градоначалникот на Солун да и’ предложи на грчката влада и Грција се придружи на тој договор – изјавил Палма во Солун.