Здружението „Помогни“ вчера во Травник, БиХ, го отвори ресторанот „Добра волја“, во кој сите луѓе што не можат да си го дозволат тоа ќе може бесплатно да добијат оброк. Ресторанот работи врз принципот на јавна кујна, но фокусот бил ставен на достоинството на луѓето.
„Ова навистина е јавна кујна. Но, овде нема редови, разни бели кантички за примање на оброкот кои толку многу потсетуваат на војна. Ова е место во кое се надеваме дека луѓето ќе се чувствуваат многу подобро. Ќе го земат квалитетниот оброк, ќе седнат и ќе се чувствуваат како да се во било кој друг ресторан“, истакнуваат од здружеието „Помогни“.