Полицијата вечерва го уапси Филип Секуловски Кобра , убиец на Мартин Јанушев , кој пред две години беше убиен пред својот дом во скопската населба Аеродром.
Од МВР за Канал 5 информираат дека Филип Секуловски Кобра е веќе спроведен во затворот во Шутка.
Младиот фудбалер беше застелан пред неговиот дом на 4. ноември 2017 , по што Секуловски беше во бегство. 28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.
Преземено од: www.kanal5.com.mk