Во тек е голема полициска акција, која го блокира бугарскиот град Бургас.
Според портпаролот на јавниот обвинител Румјана Арнаудова, предмет на истрагата е група на изнудување преку закани и физичко насилство, кое работело на територијата на областа.
Според обвинителството, досега се извршени 40 претреси на недвижнини, автомобили и лични претреси. Вкупно 10 лица се приведени 24 часа.
Сослушувањата на сведоците продолжуваат вклучително и на жртвите на криминалната активност на групата. На излезот од Бургас, во правец на Варна, полициијата ги пропушта автомобилите во само една лента од патот.