Заев ќе се сретне со историчарите пред утрешната средба на македонско-бугарската експертска комисија – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/19 11:53 AM

Заев ќе се сретне со историчарите пред утрешната средба на македонско-бугарската експертска комисија

Премиерот, Зоран Заев денеска потврди дека во текот на денот ќе се сретне со нашите историчари, кои членуваат во Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Во текот на денот веројатно ќе се сретнеме. Ќе имам средба заедно со претставници од Кабинетот на министерот Димитров и моите советници за надворешна политика, затоа што утре следува средба со Комисијата од бугарска страна“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање, откако денеска се обрати на Регионална конференција за ефективна социјална заштита.