Милош Дрча и Немања Шопот од Сомбор, Србија, пред неколку дена пронашле полн причник со банкноти во вкупна вредост до околу 2.000 евра, па го пронашле сопственикот и му го вратиле паричникот што го нашле околу 8.30 часот наутро.
– На патот кај бензинската станица на „Лукоил“ во Сомбор видовме торбичка. Ја зедовме и видовме оти покрај парите, за среќа, има и визит-картички. Имаше доста пари, а видовме и дека човекот е молер. Веднаш телефонски го повикавме и договоривме да се најдеме за да му ја вратиме торбичката со паричникот и парите – рече за „025.рс“ Милош Дрча.
Сопственикот на изгубената торбичка, Горан Ловренчиќ, им изразил голема благодарност на двајцата сограѓани, ги одвел на појадок, а и дополнително ги честел за исклучително чесната постапка.