Бернар Арно, претседател и извршен директор на ЛВМХ-групацијата, во чиј состав се 75 луксузни брендови, вклучувајќи ги и “Диор“, „Луј Витон“ и „Хенеси“, за еден ден заработи дури 5,1милијари евра.
Откако во средата беше објавено дека продажбата на ЛВМХ пораснала за 17 отсто, цената на акциите на компанијата скокна за 5,6 отсто и Арноовото богатство го лансира на 99 милијарди долари. Според пишувањето на „Форбс“, парискиот конгломерат најголем пораст на продажбата забележал во Хонг Конг, и покрај големите протести што во последните месеци се одржуваат во тој автономен кинески град.
Во април годинава Бернар Арно стана трет најбогат човек во светот. Пред него се само Џеф Бероуз од „Амазон“ со 107 и Бил Гејтс од „Мајкрософт“ со 105 милијарди долари.