Шпанскиот Врховен суд денеска би требало да ја објави својата долгоочекувана пресуда за дванаесетмина Каталонци поради нивната улога во забранетиот референдум од 2017 година за неависност на тој автономен регион.
Одлуката за неуспешната сецесија на Каталонија, најбогатиот шпански регион, го привлече меѓународното внимание и предизвика најголема политичка криза во Шпанија во последните децении.
Сецесионистите повикуват на масовна граѓанска непослушнст ако не се ослободат дванаесеттемина обвинети, од кои деветмина се во притвор речиси две години.
Судски извор за „Ројтерс“ открил дека Судот планира најистакнатите челници да ги осуди за бунт и злоупотрба на јавни пари. Но, портпаролот одби да го коментира тоа.
Изворот на „Ројтерс“ додал дека највисоката затворска казна за еден од обвинетите ќе биде 15 години. Државниот обвинител барал максимална казна од 25 години.