“Next Time” со нова маестрална преработка на стара македедонска песна. Овој пат станува збор за „Јовка Кумановка“ која беше промовирана на 11 -ти Октомври по повод 500 години од постоење на градот Куманово. Промоцијата се одржа во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, каде вооедно ќе бидат свеченоста за одбележување 500 години на градот.
Аранжман на песната работеше Николче Мицевски, видео записот е во режија на Огнен Шапковски. Гајда во песната свири Гоце Димовски, а виолина Илија Филиповски.
За потсетување, “Next Time” претходно ги преработија “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и “Нешто ќе те питам бабо”.
Погледнете го видео записот: