Крај на една војна?: Кина и САД договорија делумна трговска спогодба – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/19 6:52 AM

Крај на една војна?: Кина и САД договорија делумна трговска спогодба

САД и Кина се договорија за првата фаза на трговската спогодба која вклучува размена на земјоделски производи, прашањето на валутата и некои аспекти на интелектуалната сопственост, со што е избегнато наметнување нови царини, но Трамп рекол дека мора да се испреговараат останатите аспекти на спогодбата.

Прелиминарната делумна  спогодба е крупен чекор кон решавање на петнаесетмесечната трговска војна меѓу двете најголеми светски економии што ги погоди и светските финансиски пазари, го наруши производството и го забави стопанскиот раст.

„Кина и САД се близу до завршување на трговската војна, но ќе требаат пет недели спогодбата да се напише“, им рекол Трамп на новинарите по разговорите со заменик-претседателот на кинеската влада, Ху.