Никола Груевски останува почесен претседател, но ќе нема нови – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/19 3:49 PM

Никола Груевски останува почесен претседател, но ќе нема нови

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ќе остане почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот статут на најголемата опозициска партија само повеќе не е наведена можноста за некој да биде прогласен за таа функција, што не значи дека претходниците треба да бидат избришани, пишува „Независен“.

Според најавите на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во псоледното интервју на ТВ24, најави дека нема повеќе да има прогласувања на функцијата почесен претседател според примерот на статутите на сестринските партии од Европа.

Конгресот му ја додели титулата на Груевски во Валандово во декември 2017 година кога Мицкоски стана лидер. Според тоа,, не постои можност да се отповикува одлуката на конгресот, велат од партијата.

независен.мк