Катица Јанева со влошена здравствена состојба, останува на лекување во болница – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/19 1:37 PM

Катица Јанева со влошена здравствена состојба, останува на лекување во болница

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева ќе биде задржана на лекување во приватната болница „Жан Митрев“, пренесува Телма Телевзиија откако денеска и било одобрено барањето да се јави на кардиолошко –  интернистички преглед. Нејзината адвокатка за „Фокус“ изјавила дека е во многу лоша здравствена состојба.

-Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша. Ќе видиме подоцна што ќе кажат докторите околу дијагнозата – вели Фрчкоска.

Ова е прв преглед на Јанева надвор од затворската амбуланта. Таа претходно од таму добиваше третман и терапија за нејзината состојба. Адвокатите на Јанева претходно побараа мерката притвор да и биде заменета со мерка куќен притвор, но судот не го прифати ова барање.