Еден од најголемите холивудски актери Кевин Спејси, престојува во Белград.
Според „Блиц жена“, Спејси денес го посетил Народниот театар, а потоа се прошетал низ улиците на главниот град.
Актерката Вања Милачиќ објави фотографија на Инстаграм на која таа и нејзината колешка Марија Вицковиќ се во друштво на оскаровецот, а покрај неа таа напиша:
„Кевин Спејси дојде на генералната проба на претставата ‘Сон на летната ноќ’, проект Шекспир. Спектакуларна круна на возбудливиот процес на работа на претставата. Вечерва премиера“.
https://www.instagram.com/p/B3UQlonosFB/
Според „„Блиц жена“, актерот бил исклучително љубезен и пријатен.
Спејси дошол во Белград во строга тајност за да снима серија, но не е познато за кое остварување станува збор.
Тоа е првиот проект во кој Спејси е ангажиран по обвинувањата за сексуална злоупотреба на едно момче пред две години.