Џон Кол, Американец од Минеаполис, на социјалните мрежи се заблагодари на девојка од Трогир, Хрватска, која му спасила многу пари, а тој и’ заблагодарил со букет цвеќе и со оваа убава објава на Фејбук, како и со фотографијата на девојката со буетот што го примила.
„Ова е Ана. Работи во ресторан во Трогир на хрватското приморје. Вчера, сепак, беше добар ден за мене. Првин ми падна камерата и и’ се оштети леќата. Истата вечер си го изгубив полниот паричник со пари и документи. Очаен, утрото пак бев во ресторанот. Ана ми кажа дека таму сум го заборавил паричникот и ми го врати. Се’ беше во него. Се обидов да и’ заблагодарам со богата парична награда. Не сакаше ни да слушне. Отидов во цвеќарница. Кипив букет. Него го прифати и рече дека со тоа сум ја усреќил“, напишал Американецот, а пренесуваат хрватски медиуми.