Фокус: Откако примил инфузија, Боки 13 е вратен во Шутка – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 3:34 PM

Фокус: Откако примил инфузија, Боки 13 е вратен во Шутка

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски наместо да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, заврши во болница.

Интервенираше и брзата помош, па после половина час на носилка Боки 13 беше изнесен од зградата на обвинителството. Според неговиот адвокат сликата била застрашувачка.

,,Јовановски беше однесен во болница, му беше пружена медицинска помош, примил инфузија и сега веќе е вратен во притворот во Шутка. Во моментот состојбата му е стабилна,“ изјавиле за „Фокус“ од управата на затворот.

Ова требаше да биде прв исказ кој Јовановски ќе го даде воопшто пред обвинителството, откако на 15-ти Јули беше уапсен како осомничен за рекет. И на јавната седница за притворот се жалеше на условите во затворот и проблемите со желудникот поради две неуспешни естетски операции.

Неговиот адвокат целокупната здравствена документација ја однел кај судија на претходна постапка и ќе бара негово хоспитализирање.

Од обвинителството не размислуваат за поблага мерка но велат дека следува обвинение и без неговиот исказ.

фокус.мк