Штетите врз селото Падалиште со изградбата на хидроцентралата уште во 203 година се уште не се санирани – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 3:26 PM

Штетите врз селото Падалиште со изградбата на хидроцентралата уште во 203 година се уште не се санирани

Жителите од гостиварското село Падалиште бараат итна санација на штетите кои се направени врз селото со изградбата на хидроцентралата уште во 2013 година. При градежните активности, уништен е патот,а има направено и штети врз нивите.
Како што велат мештаните, договрот бил фирмата-инвеститор на хидроцентралата во 2015-та, на сметка на општината да уплати над 170 илјади евра. Од тие пари 25%  за санирање на штети, требало да добие селото, но до денес не било исплатено ништо.
Жителите за помош и поддршка денес се обратија кај градоначалникот Арбен Таравари.
Ако не се санираат штетите, жителите најавија дека ќе преземат радикални чекори, односно ќе ја запрат работата на хидроцентралата.

Зоран Димовски