Возач избегал на полициската контрола, се обидел да удри полицаец, но бил фатен и лишен од слобода – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 2:01 PM

Возач избегал на полициската контрола, се обидел да удри полицаец, но бил фатен и лишен од слобода

Во текот на вчерашниот ден околу 11.10 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода триесет и двегодишниот О.Е. од с.Оџалија, општина Карбинци.

На ул.„Партизанска“ во Штип тој со своето возило „Опел астра“ не застанал на знак за запирање издаден од полициски службеници, а се обидел и да удри еден од нив. Набргу потоа, на излезот од с.Радање, кон с.Оџалија, О.Е. го запрел возилото, се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.