Брза помош повикана во Обвинителството по доаѓањето на Бојан Јовановски – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 12:26 PM

Брза помош повикана во Обвинителството по доаѓањето на Бојан Јовановски

Дваесттина минути откако во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пристигна првоосомничениот во Рекет, Бојан Јовановски за да даде исказ, беше повикана екипа на Брза помош.

Засега нема официјална потврда дека екипата на итната медицинска помош е дојдена поради влошена здравствена состојба на Јовановски. Тој попладнево со полициска придружба од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор, беше донесен во Обвинителството.

Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи за „перење пари“ и „примање награди“. Освен Јовановски, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.