Хаос во Еквадор: Демонстранти палат и крадат се’ што ќе стигнат – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 11:21 AM

Хаос во Еквадор: Демонстранти палат и крадат се’ што ќе стигнат

Противвладините протести во Еквадор ги блокираа патиштата, демонстрантите се судираат со полицијата и крадат додека протестите поради укинувањето на субвенциите за гориво влегуваат во петтиот ден.

Во главниот град Кито демонстрантите ги блокираат улиците со запалени гуми, со стебла, а десетици камиони ги блокирале и улиците во самиот центар на градот, пишува дневниот весник „Ел комерцио“.

Протести има и во други градови во земјата, а се краде и од фабрики за млеко, фарми за цвеќе, пишува „Ел телеграфо“. Автохтоното населние го презело водствто со протестите во покраината Цотопакси.

Во четвртокот цените на некои бензини пораснаа двојно откако владата ги укина субвенциите за гориво што постоеја 40 години, притоа давајќи соопштение дека тие ја нарушувале економијата на земјата. Тоа донесе револт. Во текот на викендот 50 војници и полицајци биле држани како заложници од автохтоното население во централната покраина Чимборазо.

Досега, според зборовите на министерот за внатрешни работи, биле уапсени околу 500 учесници на протестите низ земјата.