Шведскиот крал им го укина кралскиот статус на петмина свои внуци – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/19 8:30 AM

Шведскиот крал им го укина кралскиот статус на петмина свои внуци

Кралот Густав го намали бројот на членови на своето семејство кои ќе примаат пари од средствата што се добиваат од шведските даночни обврзници. Донел одлука да го укине статусот на кралство височество за петмина свои внуци.

Како што е соопштено, кралевските внуци ќе ги задржат титулите прицови или принцези и војводи или војвотки, но нема да извршуваат кралски должности, пренесува СНН.

Одлуката се однесува на две деца на шведската престолонаследничка, принцезата Викторија, на прнцезата Естела и нејзиниот помлад брат, принцот Оскар. Родителите на исклучените пет деца – принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејзиниот опруг Кристофер О’Нил, ја поздравија одлуката на Кралот на социјалните мрежи.

Шведското кралско семејство во 1980 година беше прво што ги промени правилата на наследството, со тоа што наследник на тронот е првороденото дете без разлика на полот.