Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски денеска по увидот на доказите, треба да даде исказ во Обвинителството.
Тој во изминатите две недели ги разгледуваше доказите – снимките, вештачењата на мобилните телефони, како и исказите на сведоците, со кои Обвинителството го сомничи Јовановски за „перење пари“ и „примање награди“.
Јовановски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор – Скопје. Освен него, во случајот „Рекет“ се осомничени и Зоран Милевски – Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.