Поштарот лажно пријавил дека го ограбиле, уапсени две лица – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/19 1:55 PM

Поштарот лажно пријавил дека го ограбиле, уапсени две лица

Пензионери од Пробиштип останале без своите пензии затоа што поштар лажно пријавил дека бил нападнат и ограбен. Полицијата го уапси и поштарот и неговиот соучесник.

,,Полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.Д.(19) и Д.А.(22), двајцата од Пробиштип поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело”. Имено, на 01.10.2019 во Полициската станица Пробиштип, А.Д., вработен во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Пошта Пробиштип, лажно пријавил дека околу 08.40 часот во близина на „Аква парк“ во Пробиштип непознат сторител физички го нападнал и му одзел 360.821 денари, наменети за исплата на пензии. По преземени мерки и судска наредба, на 03.10.2019 полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес на три локации во Пробиштип, при што биле пронајдени парите, како и наркотична  дрога  амфетамин. Во врска со овој настан, на службен разговор во Полициската станица Пробиштип бил повикан и  Б.З.(26) од Пробиштип,“ пишува во Полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.