На саем во Осиек и бизнис со чаши со ликовите на Туѓмам, Тито и на Колинда – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/19 11:18 AM

На саем во Осиек и бизнис со чаши со ликовите на Туѓмам, Тито и на Колинда

Есенскиот саем во Осиек, чиј покровител е хрватската претседателка Колнда Грабар – Китаровиќ, се одржа во изминатите четири дена и на него со свои производите се претставиле околу 200 фирми од Хрватска и од странство.

Имало и за секого по нешто, а меѓу најзанимливите бил еден штанд на кој една до друга биле изложени чаши со ликовите на Фрањо Туѓман, Јосип Броз Тито и на Колинда Грабар – Китаровиќ. Првиот со хрватска лента, вториот со петокрака, а актуелната претседателка со блага насмевка.

Изложувачот не сакал да им каже на новинарите за која од трите чаши имало најголема побарувачка.