Фокус: Каракамишева му се извини на Јанчев поради објавата со членската книшка – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/19 9:43 AM

Фокус: Каракамишева му се извини на Јанчев поради објавата со членската книшка

Универзитетската професорка Тања Каракамишева му се извини на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, откако објави членска книшка од СДСМ на кое може да се прочита името на Јанчев, кој експресно реагираше дека станува збор за фалсификат.

„Утринава ме “бомбардираа” вести и телефонски јавувања од провладините медиуми дека Митко Јанчев ќе ме тужел поради објавата за членската книшка. Не знам колку е информиран господинов, но оваа фотографија е јавно достапна и не е за прв пат објавена кај мене, што значи не е ексклузивна вест. Галиба ќе треба да ги тужи сите на твитер! Самиот факт дека целиот провладин медиумски сервис се покрена да го објави демантот на Јанчев зборува повеќе од самата книшка. Со оглед дека сум професионалец и пред се, човек, му упатувам извинување доколку на каков било начин сум придонела да се почувствува навреден од објавата“, напиша Каракашимева на фејсбук.

Претходно, Јанчев за Фокус изјави дека наводната членска книшка претставува измама, бидејќи, како што рече, погрешна е датата за раѓање, а воедно додаде дека серискиот број одговара на членската книшка што своевремено беше објавена со името на притворената специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

фокус.мк