Косово: Казна за валадејачките, победија две опозициски партии – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/19 6:27 AM

Косово: Казна за валадејачките, победија две опозициски партии

Опозициските партии  победија на предвремените парламентарни избори во Косово, но ќе мораат да коалицираат за да формираат влада. Досегашниот премиер Рамуш Харадинај доживеа тежок пораз.

Левичарското Самоопределување води, но ќе мора да коалицира со уште најмалку две партии за да формира нова стабилна влада во некогашната српска покраина. Според првичните неофицијални резултати, Самоопределување освоило 26 отсто од гласовите, пред централнодесничарската Демократска лига на Косово, која освои 25 проценти.

Во текот на предизборната кампања, лидерите на двете партии најавија дека би коалицирале меѓусебно, но за стабилно владеење ќе им биде потребна поддршка и од една партија на малцинствата- Србите, Турците или Бошњаците. Тие заедно контролираат 20 места во парламентот.

На четвртите парламентарни избори откако Косово прогласи независност пред 11 години, партиите предводени од поранешните припадници на ОВК претрпеа убедлив пораз. Досегашниот премиер Рамуш Харадинај освои 11,5 проценти од гласовите. Трета е Демократската партија на Косово со 21 отсто од гласовите.

Излезноста на изборите беше 44 проценти. Во резултатите не се вклучени гласачите од дијаспората, кои најчсто гласаат за Самоопределување.