Емил Павлов освои злато на турнир од Светската премиер лига во Москва – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/19 6:07 PM

Емил Павлов освои злато на турнир од Светската премиер лига во Москва

Македонскиот каратист Емил Павлов, освои златен медал на турнирот Светската Премиер лига, кој викендов се одржуваше во Москва, Русија.

Членот на карате клубот Штип успеа да оствари дури шест победи во силна конкуренција, за да дојде до златното одличје во категоријата до 60 килограми.

На патот до финалето, Павлов ги совладал Киш од Унгарија, Гарсија Гомез од Шпанија, Калнинс од Летонија, Бросе од Бразил и Крешенцо од Италија, за во завршниот меч да слави над турскиот ривал Ерај Самдан со 3:1.

На турнирот од Светската Премиер лига во Москва настапија и Ненад Ќелебиќ, Жарко Арсовски, Берат Јакупи, Петар Заборски, Петар Спасеновски и Виктор Крстевски, но за жал сите беа елиминирани уште во првото коло во своите категории.

дерби.мк