Анкета: Јанева немаше да биде притворена да не беа објавените снимки, сметаат мнозинството граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/19 6:01 PM

Анкета: Јанева немаше да биде притворена да не беа објавените снимки, сметаат мнозинството граѓани

47,1 проценти од испитаниците сметаат дека доколку не беа објавени снимките поврзани со аферата, за случајот „Рекет“, воопшто немаше да се покрене истрага. Спротивно мислење имаат 24,4 отсто од граѓаните, додека 28,5 проценти останале без одговор., покажува анкетата на „Детектор“ спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје над 1.109 граѓани.

Речиси половина од граѓаните исто така овој случај не го сметаат за причина за организација на предвремени парламентарни избори и дека не треба да се организираат избори поради тоа.

Истражувањето покажува дека 48,7 отсто од анкетираните се на став дека „Рекет“ нема да доживее целосна разрешница, а само 27,9 отсто се уверени во спротивното.

Мнозинството очекува меѓународната заедница да се вклучи во изборот на судии и обвинители.

Речиси две третини од анкетираните не се задоволни ниту со начинот на кој институциите се справуваат со случаите кои произлегоа од бомбите.

Високи 75 отсто од граѓаните бараат постапка на „ветинг“ во судството.