Една од најпознатите слики на мистериозниот уметник Банкси, која прикажува мајмуни како расправаат во британскиот парламент, е продадена на аукција во Лондон за рекрордни повеќе од 11 милиони евра.
Сликата на уметникот чиј вистински идентитет не е познат е со големина од 2,5 на 4,2 метра, а порано била проценета на околу два милиона евра. Сега е продадена за 13 минути, а идентитетот на купувачот не е познат.
Сликата прикажува шимпанза како седат во клупите на британскиот парламент, на местото на пратениците во Долниот дом.