По потрагата, херцеговската мисица осомничена за убиство на мостарски угостител се предаде во полиција – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/19 8:27 AM

По потрагата, херцеговската мисица осомничена за убиство на мостарски угостител се предаде во полиција

Сунита Хиндиќ – Бошњаковиќ, контроверзната херцеговска мисица, се предала во полиција по големата потрага по неа бидејќи е осомничена за убиство на угостителот Нино Иванковиќ, кој управувал со „Вила Иванковиќ“ кај Мостар, во која е пронајдено неговото безживотно тело, покрај кое имало пиштол. Првичните информации зборувале дека се работи за самоубиство, но потоа било заклучено дека, сепак, било убиство.

Како што јавува „Дневни аваз“, Сунита синоќа се предала во полиција. За неа се шпекулира дека е убиецот на Иванковиќ. Била поврзувана со елитна проституција и често доаѓала во објектот каде што е убиен Иванковиќ. Населбата во која живее контроверзната мисица пред самата да се предаде била блокирана од полициски екипи. Сунита била позната по насилничко однесување. Во мај вербално нападнала Хрват, а пред тоа претепала девојка од Љубишки.