Добој се прости од „Инспекторот Ким“, најпознатото полициско куче-трагач – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/19 12:59 PM

Добој се прости од „Инспекторот Ким“, најпознатото полициско куче-трагач

„Инспекторот Ким“, службеното полициско куче-трагач, кое во Босна и Херцеговина, па и на Балканот, е познато по откривањето на многу криминалци, насилници, на тројца силувачи и на други сторители на кривични дела, пцовисоло завчера во десеттата година од животот, пренесуваат медиуми од БиХ и од Балканот.

Кимовата смрт ја расплакала не само Жандармеријата, туку и целата Полициска управа во Добој, Република Српска. Неговиот долгогодишен водич, Љубиша Лазиќ, ги поминал последните часови со него, грчевито борејќи се со останатите да му го спасат животот.

Ким со Лазиќ имал одлични резултати во работата, кои многу често биле предмет на медиумски интерес. Еднаш Ким дури десет километри следел ранет криминалец и по трагите од крвта го нашол. Во друг случај, пронашол ремен од силувач и по мирисот ја однел полицијата кај силувачот во со километри оддалечениот негов дом. Во трет случај пронашол исчезнат ловџија кај Теслиќ, чие исчезнување одамна било пријавено во полицијата…