Аплеацискиот суд по вчерашната јавна седница, ја одби жалбата на Бојан Јовановски – Боки 13. Со тоа првоосомничениот во случајот „Рекет“ , Јовановски останува во притвор во Шутка.
Жалбата е одбиена поради опасност од бегство.
Јовановски вчера на јавната седница во Апелација побара укинување на притворот или замена со куќен притвор, со образложение дека е во животозагрозувачка сосотојба и му е потребна медицинска нега. Тој образложи дека има две неуспешни операции и поради лекарска грешка, му бил пресечен нерв во желудникот. Имал проблеми и со белите дробови и четири дијагнози за проблеми со р’бетот.