Општинското обвинителсство во Задар, Хрватска, повело обвинение против 66-годишен хрватски државјанин поради сторено кривично дело против човековите права и слободи со повреда на рамноправноста. Се работи за Томислав Госпиќ, сопственик на апартмани во Задар, кој во фокусот на јавноста се најде ланското лето откако не и’ издал апартман на хомосексуална двојка од Бразил, пишува „Народ.хр“.
Претходно еден од двајцата Бразилци електронски резервирал апартман за себе и својот сопруг.
„Одбиени сте, не примаме гејови, откажете ја резервацијата“, одговорил Госпиќ.
Тоа го осудила и Туристичката заедница на Задар, а ако судот го прогласи за виновен, на Госпиќ му се заканувала затворска казна до три години.