WhatsApp наскоро почнува со тестирање на пораките кои ќе исчезнат штом корисникот ќе ги испрати.
Целта на оваа опција е да ја зачува приватноста на разговорите откако пораката била испратена, но ќе има можност „чистење“ на записите кои останале, наведува Indipendet.
Како што се наведува во содржината, корисниците ќе можат да постават временско ограничување на пораката. Тоа значи дека ќе може да се испрати на вообичаен начин, но потоа сама ќе се избрише со цел да се спречи можноста некој да ја копира или сними на својот екран.
Засега опцијата е достапна во бета верзијата на апликацијата за Андроид. WhatsApp се уште работи на развојот на оваа опција, но се уште не е јасно кога ќе биде достапна на сите корисници.