ЕУ: Ќе реагираме на било какви нови американски царини – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/19 11:46 AM

ЕУ: Ќе реагираме на било какви нови американски царини

По одлуката на Светската трговска организација, со која се одобруваат царини од САД на увоз од ЕУ, Сесилија Малстром од Европската унија за трговија порача дека ЕУ ќе реагира на било какви нови царини, пренесуваат агенциите.

„Меѓусебното наметнување противмерки ќе им нанесе штета и на компаниите и на граѓаните од двете страни на Атлантикот, а и штетно ќе влијае на глобалната трговија и на пошироката авиоиндустрија. Сепак, ЕУ и понатаму е подготвена да соработува со САД врз основа на фер и урамнотежено решение за нашата авиоиндустрија“, изјави таа