Бојан Јовановски тврди дека е во животозагрозувачка состојба – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/19 9:53 AM

Бојан Јовановски тврди дека е во животозагрозувачка состојба

Бојан Јовановски во Апелацискиот суд во Скопје  заедно со својот адвокат на јавна седница ги образложува причините поради кои треба му се укине притворот.

Јовановски  пред судиите објасни дека два пати неуспепно е опериран и се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

– Условите таму каде што сум се такви какви што се. Во овие 81 ден сум немал соодветен медицински преглед. Еден нерв од желудникот ми е пресечен и затоа ја одвраќам храната. Имам утврдено четири дијагнози за лумбалниот дел кој треба соодветно да се прегледа. Во многуте упатствија од лекарот за терапија, условите каде што сум не го задоволуваат тоа, речеЈовановски.

Тој додаде дека со направените операции тој треба да е жив и здрав, а не починат и побара од судиите да го земат во предвид и моментот кога бил уапсен, дека одел на одмор, а не избегал.

– Јас живеам да ја докажам вистината во овој случај, со сите факти и докази да учествувам во постапката, рече Јовановски.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски, објасни дека неговиот клиент е болен, во лоша состојба и секој ден повраќа поради проблеми со желудникот.

-Командирите од затворската полиција може да потврдат дека секој ден е носен на торахална хирургија каде прима терапија. Има две неуспешни операции. Овој човек нема желудник. Секоја храна му се враќа, секој ден повраќа. Неопходна е хоспитализација. Тој не може да биде третиран со општ лекар во затворот во Шутка”, рече адвокатот Сашо Дуковски.

На денешната јавна седница се бара укинување на мерката притвот за Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот “Рекет.