Победата на Црвена Звезда спорна во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/19 8:00 AM

Победата на Црвена Звезда спорна во Грција

Белградска Црвена Звезда со пресврт и три гола во второто полувреме завчера го победи Олимпијакос (3-1) за прва сезонска победа во ЛШ, 2,7 милиони евра плус во касата и уште подобар рејтинг на УЕФА-листата. Но, во Грција веќе има „теорија на заговор“ дека мечот е – наместен.

Грчка „Газета“ го објави најлудиот заговор поради кој Олимпијакос извисил во Белград, а Ц. Звезда направила еден чекор понапред кон обезбедување на европска пролет. Делува чудно, ако се знае за грчко-српското пријателство, па теориите за заговор најчесто ги имаат „обложувачките мајстори“ со сомневањата во пресврти „два во еден“, но според грчкиот медиум приказната почнала пред една година.

Најмногу бунт кај јужните соседи има на судијата Беон Бастилјен, кој во 58-та минута го исклучи Јасин Бензи, а потоа не го исклучил Марко Марин за намерното удирање на Цимикас. Но, сето тоа било „договорено“ помеѓу Србите и Францизите на поинаков начин – да си помагаат постојано преку судиите.

Сè почнало од мечот Франција – Германија, кога најдобриот српски судија Милорад Мажиќ досудил пенал за „триколорите“ во 84-та минута, за тие да останат во борба за првото место во групата во Лигата на нации. Мечот е одигран на 16 октомври лани, а Јоаким Лев по мечот го нападна српскиот судија дека свирнал непостоечки пенал.

Потоа за возврат следела првата помош за Србите. Рики Бук го протуркал Партизан во плејофот во Лига Европа. Не свирнал очигледен пенал за Молде, а наместо тоа Партизан добил корнер по кој Немања Милетиќ погодил.

И како додавка сега доаѓа помошта од Бастилјен за Ц. Звезда против Олимпијакос.

Преземено од: Спорт1