Украинската новинска агенција известува дека протести се одржуваат во Киев, Л’вов, Запорожје, Харков и во други градови и оти на нив има по неколку илјади демоснстранти. Тие бараат од министерот за надворешни работи на Украина и од украинсиот претставник во Контакт-групата да се повлечат од спогодбата и најавуваат оти против нив ќе бидат поведени кривични постапки ако го потпишат документот под руски услови.
Протестите почнале синоќа, а ги организирале членови на партиите на поранешните премиери Јулија Тимошенко и Пјотр Порошенко.
Документот што претставиците на Украина и членови на Контакт-групата за решавање на состојбата во Донбас го потпишаа вчера би требало да го одобри украинскиот парламент. „Штајмаеровата формула“ предвидува на Донбас да му се додели специјален статус.