Сплитска старлета сака да ја наследи Колинда во претседателската фотелја во Хрватска – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 10:01 AM

Сплитска старлета сака да ја наследи Колинда во претседателската фотелја во Хрватска

Старлетата Ава Карабатиќ (31) во саботата шокираше многумина кога на Инстаграм објави дека има намера да стане претседателка на Хрватска. Амбициозната сплиќанка Ава, инаку и професорка по италијански и латински јазик, уметничка, манекенка и риалити-ѕвезда, дури објавила и кратка програма со која ќе ги „купува“ избирачите.

Карабатиќ ќе се залагала за забрана на абортусот по шестата седмица бременост, воведување сексуално образование во училиштата, заштита на животните и казни за оние што ги малтретираат, потоа за сузбивање на корупцијата, намалување на државните давачки…

Најголемата поддршка на Ава и’ бил таткото Ивица.