Рибар му го спасил животот на пингвин, кој сега препливува по 8.000 километри за да се види со спасителот – ММС
ММС

Објавено на: 10/2/19 9:56 AM

Рибар му го спасил животот на пингвин, кој сега препливува по 8.000 километри за да се види со спасителот

Бразилски рибар своевремено пронашол пингвин во крајно лоша состојба. Го нахранил, искапел и очекувал кога животното ќе закрепне да замине и да си го бара семејството. Но, пингвинот што го добил името Диндим, долго одбивал да замине откај рибарот. Останал кај него дури осум месеци, а потоа исчезнал, Рибарот мислел дека повеќе никогаш нема да го види.

Но, некогаш малиот Диндим, во последните пет години по еднаш годишно почнал да го посетува и да поминува по неколку дена со рибарот за што препливувал по 8.000 километри. Од големото пријателство меѓу пингвинот и рибарот останале изненадени и научниците- истражувачи на животни.