Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.А.(54) од село Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама при добивање кредит или друга погодност“.
На 03.01.2014 , до Отсекот за управни работи Кичево, пријавениот доставил барање за уверение за живеалиште во кое внел невистинити податоци дека е повратник од Швајцарија, иако сè уште престојувал таму. По ова, пријавениот го приложил издаденото уверение во постапката за идентификација пред Бирото за метрологија Скопје.
Откако ја добил потребната согласност за регистрација, во Отсекот за управни работи Кичево била извршена прва регистрација на возилото.