Деца „заработија“ затворска казна зашто краделе зрна од ванила – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/19 2:36 PM

Деца „заработија“ затворска казна зашто краделе зрна од ванила

Деца обвинети за кражба на зрна ванила на Мадагаскар би можеле да поминат речиси три години во затвор без судење. Овој остров е најголем произведувач на ванила, па порастот на производството доведе до пораст на кражбите – пренесува Би Би Си.

Како што се наведува, условите во затворите за деца се загрижувачки, а дел од нив добиваат само еден оброк во денот.

Се проценува дека над 20.000 деца на Мадагаскар работат на позиции кои се поврзани со трговија на ванила.