Полицијата во Ровињ (Хрватска) привела 23-годишна девојка што извршила кривично дело насилство врз полициски службеници. Таа во саботата вечерта, управувајќи мопед со пулска регистрација, паднала на крстосница во Ровињ. Тоа го виделе полицајците и и’ пришле.
Девојката одбила лекарска помош, а откако полицајците виделе дека е пијана и се обиделе да ја однесат во полициската станица, таа едниот од нив го удрила, а другиот го гризнала. Девојката потоа била приведена, а алкотестирањето покажало дека во крвта има 1,48 промили алкохол.