Претставници на српскиот град Ниш, на јавното комунално претпријатие и на Основниот и Вишиот суд во тој град вчера потпишале спогодба за примена на медијација во случаите кога граѓаните го тужат градот поради паѓања и повреди на јавни површини и поради напади и повреди од бездомни кучиња и мачки, јавуваат српски медиуми.
Се очекувало на тој начин да паднат трошоците на градот, кој сега врз таа основа годишно исплаќал отштета од околу еден милион евра.