Често се случува рибата да има непријатен мирис. Лошиот мирис на рибата не значи дека таа е расипана, туку укажува дека не е свежа, односно не е уловена истиот ден кога сте ја купиле.
Лекарите и експертите за здрава храна често ја повторуваат препораката: дека порција риба на трпезата треба да биде што почесто застапена. Тоа што рибата како храна ја прави посебна е фактот дека таа содржи малку калории, а доста корисни состојки потребни на организмот.
Докажано е дека рибиното месо и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана ја намалуваат веројатноста за настанувањето на инфаркт, ги штитат коските, го спречуваат настанувањето на ракот и го успоруваат процесот на стареење.
Но, понекогаш се случува рибата да има силен, непријатен мирис кој често пати не е обожаван од многумина. Доколку месото на рибата е цврсто, а кожата е сјајна, таа може да се консумира. А за да се ослободите од непријатниот мирис пробајте го следниот кујнски трик.
Парчето риба потопете го во млеко и оставете го да стои во млекото околу 20 минути. Казеинот од млекото ќе се поврзи со триметиламинот од рибата, така што во голема мера ќе се намали непријатниот мирис од рибата.
Откако рибата ќе ја извадите од млекото, не заборавајте да го отстраните вишокот на млеко со помош на кујнска хартија.
Преземено од: sezahrana.mk