СВР Тетово соопшти дека поднел кривична пријава против Х.А.(20) од с.Гургурница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на јуни 2016 пријавената, на социјалната мрежа „Instagram“ и апликацијата „Snapchat“, креирала лажни профили со лични податоци на име В.К.(31) од Тетово и на нив објавувала фотографии од В.К. со компромитирачка содржина.
Објавено на: 09/30/19 3:15 PM