Обид за силување на шеснаесет годишно девојче бележи Полицискиот билтен. Според информациите, насилникот не успеал во намерата.
Утрово во 04.30 часот во Полициската станица Кочани, 49 годишен жител на Кочани пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани непознато лице се обидело да изврши обљуба врз неговата 16-годишна ќерка, но не успеало.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.