Опозицијата го оспори појавувањето на Заев на заедничката прес конференција со Дончев и Филипче (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/19 1:45 PM

Опозицијата го оспори појавувањето на Заев на заедничката прес конференција со Дончев и Филипче (Видео)

По денешната прес конференција на која се обратија директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, опозијата реагираше, обвинувајќи ја власта дека нема намера да расчисти со високата корупција.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го оспорува тоа што премиерот се појавил на прес конференција со Дончев и Филипче во време кога тие се соочуваат со кривична пријава.

Зоран Заев со денешниот заеднички настап со Ден Дончев и Венко Филипче, потврди дека имале средби со Зоран Милески Кичеец, човекот со кој што се надополнува кривичната пријава за „Рекет 2″. Зоран Заев потврди дека знаел за „Рекет 2″ и дека е вистина наводот во Кривичната пријава за одвраќање на странскиот здравствен гигант да влезе во Македонија. Има кривична пријава против Дончев, Филипче и Кичеец, во која стои дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, сакаат да имаат удел во продажбата, можеби сакаат да ја преземат компанијата, се споменуваат месечни транши, рекет до благајник со брада во струмичко, и никому ништо? Според кривичната пријава, била злоупотребени нивните институции каде што управуваат и УФР и била најавена истрага скоро цела година пред истрага и да се случи, а сега и Зоран Заев го потврдува тоа, и никому ништо – порача Стоилковски на денешната прес конференција.

Кривичната пријава против Дончев и Филипче ја поднесе скопјанката Вера Иванова која на шведска фирма  го продаде Дијамед, како и 20-годишна лиценца за дијализа Адвокатот на Иванова, Ѕвонко Давидовиќ во изјава за Тв телма посочи дека тие ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата. Случајот во јавноста беше претставен како  „Рекет 2“ иако адвокатот негира дека пријавил рекетирање, изнуда или барање мито.