Заедно се посилни: Срби и Хрвати уловија сом од сто килограми – ММС
ММС

Објавено на: 09/30/19 9:30 AM

Заедно се посилни: Срби и Хрвати уловија сом од сто килограми

Рибарот Вид Башиќ (35) од Апатин во четвртокот попладне на Дунав кај Апатин во Србија улови сом капиталец долг 2,35 метри и тежок речиси сто килограми.

„Борбата со сомот тежок 98 килограми траеше цел час, но ќе траеше и многу подолго ако не ми притекнеа во помош пријателот Бранко и хрватски риболовци од Осиек. Заеднички го извадивме капиталецот. И јас на неколку пати им имам помагано на колеги од Хрватска од другата страна на реката“, вели Башиќ, кој на Фејсбук напишал дека сомот-капиталец му е „улов на животот“.